Инфо

Викендов почнува летното сметање на времето

Во недела на 25 март во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, така што времето во 2 часот ќе се смета како да е 3 часот

четврток, 22 март 2018

Летното сметање на времето оваа година започнува во недела на 25 март во 2 часот по полноќ, така што со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Летното сметање во 2018 година ќе заврши на 28 октомври во 3 часот по полноќ, со поместување на часовникот за еден час наназад, така што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Промената на сметањето на времето се регулира со владина одлука, која, како што велат во Владата, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон ЕУ, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори.

Инаку, одлуката за промена на сметање на времето е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19 јануари.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

 

Содржината е прочитана 217 пати.