Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува протеинскиот леб на „Жито Лукс“

Протеинскиот леб во себе содржи големо количество протеини и мало количество шеќери. Повеќе за овој производ кон кој тежнее денешниот модерен потрошувач ќе дознаете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 31.03.2018 година во „Холидеј Ин“ од 10.00 до 16.00, каде што „Жито Лукс“ ќе се претстави со свој штанд

четврток, 22 март 2018

Протеински леб, новиот производ на најголемиот производител на леб и брашно во земјава „Жито Лукс“ претставува одговор на барањата на денешниот консумент.

Самиот леб во себе има големо количество протеини и мало количество шеќери. Протеините, заедно со водата, се најважните супстанци кои се задолжени за одржување на сите клетки во телото, односно за изградба на ткивата и мускулната маса. Потребното количество протеини во организмот варира зависно од возраста, полот и од нивото на физичка активност. 

Лебот е збогатен со грав од каде што се добива протеинската вредност, а со тоа е погоден и за вегетаријанци и вегани. Покрај протеинот од грав, содржи разновидни семиња, додатоци од црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква, кои го дополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав. Токму тие семиња, дополнително се заслужни за големите придобивки за здравјето од протеинскиот леб.

Наменет е за сите, но префериран е, пред се, од лицата кои внимаваат на своето здравје, луѓето кои водат грижа за правилна и здрава исхрана. Битен е за спортистите, за физички активните луѓе, за луѓето кои се борат со вишокот килограми, или едноставно, бараат производи кои ќе им дадат поголема енергија. Примената и побарувањето на потрошувачите за ваков леб е големо, затоа што консумирањето храна богата со протеини и ниско ниво шеќери не претставува никаков новитет, но новина е постоењето на производ со состав како протеинскиот леб на „Жито Лукс“.

Без разлика дали се употребува за подготовка на сендвич, или како прилог со салата, месо или друг вид јадења, овој леб одлично се вклопува во секоја комбинација.


 

Содржината е прочитана 134 пати.