Култура

Адам Загајевски е добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата

Поетот од Полска е преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија

среда, 21 март 2018

Адам Загајевски од Полска е добитник на Златен венец на 57. Струшки вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес конфренција.

„Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска, заедно со она на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија. Светот на неговата поезија неизбежно се врзува и со некои наши општествени дилеми, особено со присутноста на минатото во сегашноста и емотивните состојби на личноста во свет кој е меѓу реалноста и сонот“, рече министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на објавувањето на годинашниот лауреат на СВП.
 

Содржината е прочитана 107 пати.