Инфо

Нов дизајн на автобусите на ТАВ за превоз на патници

Автобусите ќе возат на линијата Аеродром – Скопје и во правец Скопје – Аеродром, а цената на билет во еден правец ќе чини 180 денари

среда, 21 март 2018

Автобусите на ТАВ за превоз на патници имаат нов дизај со цел полесно препознавање, информираат од ТАВ Македонија. Автобусите имаат светло сина боја, со бел авион како апликација и натпис „Аеродромски превоз“, а во долниот дел се испишани и попатните станици каде автобусот ќе застанува.

Автобусите ќе возат на линијата Аеродром – Скопје и во правец Скопје – Аеродром, а цената на билет во еден правец ќе чини 180 денари.

Во интервју за бизнис каталогот на „Марили“, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој изјави дека во 2018 година очекуваат зголемување на бројот на патници.

„Со сегашната мрежа од 36 дестинации од аеродромот во Скопје и моменталното темпо на раст на побарувачката за воздушниот транспорт, очекуваме дека во текот на есента 2018 година на скопскиот аеродром ќе го дочекаме два-милионитиот патник“, изјави Ерсој за „Марили“.

 

Содржината е прочитана 117 пати.