Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви ја претставува БИОТЕК лабораторија за подобрување на здравјето преку брза и прецизна анализа

Во БИОТЕК лабораторија пациентите добиваат комплетна клиничка анализа без упат по фондовски цени. Повеќе за оваа здравствена установа ќе дознаете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 31. март 2018 година во „Холидеј Ин“ од 10.00 до 16.00 часот, каде што БИОТЕК ќе се претстави со свој штанд

вторник, 20 март 2018

Веќе 17 години во БИОТЕК лабораторија се презентира најдоброто од областа на здравството. Во чекор cо највисоките лабораториски европски стандарди, тука на пациентите им се на располагање најдобри апарати, реагенси, најсовремени софтвери, тестови за алергии, најсовремени протоколи и сертификати. 

БИОТЕК лабораторија е прва специјалистичка лабораторија опремена со технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика каде се добива комплетна клиничка анализа направена со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. 

Во БИOTEK лабораторија, во која се нуди комплетна клиничка анализа без упат по фондовски цени, е ангажиран искусен тим од доктори и медицински лица кои при секоја изработена анализа, бесплатно даваат консултации.
 
Со отворањето на молекуларна и микробиолошка лабораторија, БИОТЕК воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, како што се: PHI-Prostate Health Index, нови тестови со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија, прокалцитони – точно дефинирање на бактериска од вирусна инфекција, автоматска микробиолошка идентификација и антибиограм (Vitek- advanced expert software), PCR детекција на многу анализи кои во Македонија се работат на брзи тестови или микроскоп, испитување на витамин Д – основен маркер за рахитис и остепороза, проверка дали примената вакцина направила антитела во организмот, интолеранција на глутен, интолеранција на адитиви во храна...
 
„Желбата за придонес кон подобро здравје на луѓето е она што нè води и нè мотивираше да инвестираме во најсовремени апарати за биохемиски, имунолошки, вирусолошки, микробиолошки и молекуларни анализи. Создадовме искусен тим на доктори и медицински лица кои поседуваат високи професионални и етички вредности. Нашата цел е подобрување на здравјето на луѓето преку брза и прецизна анализа која ја нудат овие апарати. Истовремено, во нашата лабораторија се одржуваат и едукациски работилници за нашите клиенти од Македонија. Исто така, иако нашата лабораторија нема договор со Фондот за здравство, работиме со фондовски цени со една цел – да бидеме достапни за секого“, вели Мр.фарм. Анкица Синадинова – Базерко.

 

Содржината е прочитана 579 пати.