Инфо

„Мерсер“: Виена – најдобар град според квалитетот на живот, Скопје на 161. место

Главниот град на Австрија веќе девета година по ред ја предводи ранг-листата и тоа поради безбедноста, ефикасниот јавен транспорт и различната културна понуда

вторник, 20 март 2018

Виена и во 2018 година останува градот кој е најдобар по квалитетот на живот, покажува истражувањето на американската консултантска фирма „Мерсер“.

Виена ја предводи листата на „Мерсер“ поради безбедноста, но и поради ефикасниот јавен транспорт и различната културна понуда.

Австриската престолнина деветта година по ред ја предводи ранг-листата на „Мерсер“, на која се наоѓаат 231 град. Веднаш зад Виена се Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер, додека на дното е јеменскиот главен град Сана.
Главниот град на Македонија – Скопје е рангиран на 161. место, што е пад од две места во однос на 2017 година. Што се однесува до градовите од поширокиот регион, најдобро рангирана е Љубљана (75 место), Атина (86), Загреб (98), Букурешт (107), Софија (116), Истанбул (134), Белград (139), Сараево (159) и Тирана (176).

Од првите десет места во класификацијата – осум припаѓаат на европски градови, кои според „Мерсер“ пружаат најдобар квалитет на живот.

Компанијата „Мерсер“ при класификацијата зема предвид 39 критериуми од криминал до управување со отпад, транспорт, електроснабдување, телекомуникациски услуги и клима.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 71 пати.