Инфо

Дизелот поевтинува за половина денар, бензините остануваат со иста цена

Од ноќеска на полноќ новата цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар, а на маслото за домаќинство 46 денари

понеделник, 19 март 2018

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за половина денар, додека цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од ноќеска на полноќ новата цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар, а на маслото за домаќинство 46 денари. Со нешто пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.

Цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 остануваат 65,5 денари, односно 67,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените дериватите во просек за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи.
 

Содржината е прочитана 79 пати.