Мода

„ДАМА-ДА“ ви го претставува студио „ВИТРУМ“ со прекрасен накит од витражно стакло

Со уникатниот дизајн на исто така уникатниот и по многу нешта специфичен накит со авторски потпис, ќе може да се запознаете на штандот што студио „ВИТРУМ“ ќе го има на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 31 март 2018 година во „Холидеј Ин“ од 10,00 до 16,00 часот

понеделник, 19 март 2018

Постојат разни видови уметност, но уметноста од стакло е по многу нешта специфична. Пред се, поради фактот што стаклото ја рефлектира играта на светлината и на бојата, како ниеден друг материјал.

А, студиото „ВИТРУМ“ безмалку две децении години ја слави токму таа игра, создвајќи автентични креации во стакло, како дел од архитектурата и ентериерниот дизајн.

Студиото „ВИТРУМ“ е основано во 1999 година од архитектите Мими и Јанко Гогушевски. Се занимава со дизајн и со изработка на стаклени елементи во функција на архитектурата и ентериерот, но и со линија декоративни и употребни предмети од стакло со широка палета на бои, форми и големини изработени во Tiffany техника, фузирано стакло и во комбинација од двете техники.

Се што излегува од ова студио има уникатен дизајн со авторски потпис. Стаклените инсталации од „ВИТРУМ“ ги красат просториите на бројни приватни и државни инситутции, фондации, верски објекти, но и на резиденции, хотели, кафулиња, канцеларии, козметички студија...

Дел од студиото е продажната галерија со уникатни производи од доменот на применетата уметност, како што се ламби, огледала, ѕидни часовници, декоративни чинии, накит...
 

Содржината е прочитана 280 пати.