Инфо

„Зелената нафта“ влегува во владина процедура

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваат државата да покрива до 50 отсто од трошоците за гориво, а секој регистриран земјоделец, односно, земјоделстко стопанство да добие платежна картичка за купување на оваа нафта

понеделник, 19 март 2018

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој, со кои треба да се воведе таканаречената „зелена нафта“ утре влегуваат во владина процедура, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Измените предвидуваат државата да покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец, односно земјоделско стопанство, да добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.

Во ресорното Министерство очекуваат „зелената нафта“ да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото, а целта на измените е намалување на производствените трошоци и поконкурентно производство.

И од Асоцијацијата на земјоделци сметаат дека купувањето нафта за 30, наместо за 60 денари за литар ќе го ублажи ударот од поскапувањето на дизелот поради зголемената акциза, а ќе ги намали трошоците на производство.

 

Содржината е прочитана 55 пати.