Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува Здружението на еднородителски семејни заедници „Една може! Скопје; One can! Skopje; Nje Mundet! Skopje“

Здружението на еднородителски семејни заедници „Една може! Скопје“ е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓанки кои самоиницијативно се здружија заради подобрување на севкупниот статус на членовите на еднородителските семејства. Ве покануваме да ја поддржиме оваа асоцијација на жени со купување на нивните производи на козметика од органско потекло, коишто ќе бидат изложени на штанд на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, што ќе се одржи на 31 март 2018 година во „Холидеј Ин“ од 10,00 до 16,00 часот

понеделник, 19 март 2018

Самохраните мајки во Македонија го кренаа својот глас за да го споделат со светот своето секојдневие, за да раскажат како живеат, со што се соочуваат, за да ги детектираат клучните проблеми и да кажат како се справуваат со нив. Македонските самохрани мајки јасно и гласно прозбореа како се фаќаат во костец со животот, како се прилагодуваат и ги менуваат сопствените потреби, но и како се спротиставуваат на предрасудите, догмите, на законските рамки и недостатоци и како, заедно со институциите и со општетствената заедница си обезбедуваат рамноправно место во општеството.

Самохраните мајки се здружија и по повеќе од една година дејствување како неформално „грас рут“ движење, на 4 мај 2016 година официјално го конституираа Здружението на еднородителски семејни заедници „Една може! Скопје; One can! Skopje; Nje Mundet! Skopje“. 


Здружението „Една може!“ – „One can!“ е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓанки кои самоиницијативно слободно се здружија заради остварување севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права. Таргет група на Здружението е еднородителскиот семеен живот. 
Препознавајќи ги структуралните и институционални недостатоци и ограничености, самохраните мајки од Македонија се обединија за заеднички посилни да се изборат за сопствените потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нивните семејства детектирајќи ги клучните проблеми кои ги засегаат сите нив. Спроведувајќи истражувања и компаративни анализи, нивната цел е пофункционално секојдневие и унапредување на правата на овие семејства, како индивидуални, така и групни. Здружението денес брои над 3.000 членки од редот на самохрани родители.


„Една може“ изнаоѓа правни рамки за институционална вклученост на еднородителските семејства и пружа законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални совети согласно потребите на овие семејни заедници. 

„Една може!“ се посветува и ги спроведува и таканаречените „хенд ту хенд’ активности, со заложби за секој еден поединец.  По
крај едукациите, пружањето правни и психотерапевтски поддршки. Од Здружението ги повикуваат сите кои се чувствуваат засегнати да бидат дел од оваа нивна животна битка. Здружението има и фејсбук група во која заинтересираните може да се пријавуваат.
„Сите луѓе имаат право да ги кажат своите вистини и сосема легитимно е да сакаат да бидат ислушани. Важна е сечија вистина! Секоја има право да се изрази како најмногу ѝ одговара и со тоа покажуваме дека наспроти сите неприлики, подготвени сме да застануваме една зад друга, да се поддржуваме, да учиме, да грешиме, да еволуираме, да се бориме“, велат од „Една може! Скопје“.
 
Содржината е прочитана 344 пати.