Инфо

Телеком ги претстави „смарт“ маските за заштита од загадување

Маските се дизајнирани од Ивана Кнез, моден дизајнер и костимограф, а ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор во придонесот кон почиста животна средина

четврток, 15 март 2018

Македонски Телеком за прв пат во Македонија ги спои технологијата и модата, за повисока цел – заштита од загадувањето. Откако на Светскиот конгрес на мобилни технологии што се одржа во Барселона беше направена промоција на еко-маските, Македонски Телеком организираше моден настан, на кој и во Македонија ги претстави прототиповите на „смарт“ маските за заштита од загадување.

Маските се изработени по дизајн на Ивана Кнез, моден дизајнер и костимограф, сопственик на „Драма“ и „Драма Лавкетс“, која активно работи на разработка на еко и бавна мода и ја користи модата како медиум за подобрување на колективната свест. #Telekom_mk #TelekomGoesGreen #AntiAirPollutionSmartMasks. Сите маски ќе бидат изработени од пластичен отпад што претставува уште еден чекор во придонесот кон почиста животна средина.

„Смарт“ маските за заштита од загадување се дел од Fashion Fusion програмата на Дојче Телеком, што ќе биде воедно и прв од низата на еко проекти на Телеком што ќе следат годинава. Нивната официјална продажба се очекува да започне кон крајот на годинава.
 

Содржината е прочитана 44 пати.