Инфо

Завршува задолжителното носење зимска опрема во возилата

Обврската за задолжително поседување зимска опрема важи во период од 15 ноември до 15 март и тоа само за надвор од населено место

четврток, 15 март 2018

Денеска завршува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, потсети Авто-мото сојузот на Македонија.

Обврската произлегува од член 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
 

Содржината е прочитана 53 пати.