Култура

„ДАМА-ДА“ ви ја претставува издавачката куќа „Матица“

Кога ќе видите човек без насмевка, подарете му книга! - препорачува издавачката куќа „Матица“ која ќе се претстави со свој штанд на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, што ќе се одржи на 31.03.2018 година во „Холидеј Ин“ од 10-16 часот. На штандот покрај романите на Јелена Бачиќ Алимпиќ кои ќе се продаваат со попуст од 40 отсто, ќе биде изложена и книгата на Марина Анчевска „Едноставно јас“

четврток, 15 март 2018

„Матица“ е македонска издавачка куќа формирана во 1991 година од страна на поетот Раде Силјан, кој потоа бил и нејзин директор. Со текот на времето ова книгоиздавателство прераснало во една од најголемите издавачки куќи во Македонија, чии книги, денеска се застапени и во многу други книжарници во земјава.


Во своите скоро 27 години постоење „Матица“ има објавено повеќе од 6.000 наслови од сите области на општественото живеење. Соработува со над 3.000 автори, како светски, така и домашни. 

„Клуб Матица“ во кој членуваат повеќе од 60.000 членови/читатели е формиран во 2000 година. Во изминатиов период од Клубот излегле повеќе од 10 милиони книги на македонскиот пазар. Членовите на Клубот, но и останатите вљубеници во пишаниот збор имаат голем избор книги и приказни од илјадници автори, содржини за сечиј вкус. Поезија, белетристика, автобиографии, драма, трилер, фантастика, мистика, но и историја, право, политика, како и духовна литература, разни енциклопедии за деца и за возрасни, креативни игри ..., сето тоа може да се најде во „Клуб Матица“.

„Матица“ организира бројни манифестации поврзани со литературата, од кои најпознати се Саемот на книги, што 

традиционално се одржува во текот на февруари и летниот фестивал наречен „Со книга на плажа“, кој исто како и акцијата „Книга во секој дом“ има традиционален карактер. На овие манифестации „Матица“ на своите верни читатели им нуди разновидна литаратура и тоа по цени прифатливи за сечиј џеб и стандард. 

„Нашата мисија е преку читањето да го подобриме вашето психичко здравје: да ви го намалиме стресот, да ви ја подобриме концентрацијата, да ви ја зголемиме љубопитноста, да ви ја подобриме меморијата, да ви ја зголемиме интелегенцијата, да ви овозможиме подобар сон, да ви го поттикнеме критичното размислување и, пред се, да ви го збогатиме социјалниот живот!“, велат во Матица и порачуваат „Кога ќе видите човек без насмевка, подарете му книга!“

 

Содржината е прочитана 116 пати.