За нас

Прилика е да се потсетиме на дел од позначајните успешно реализирани проекти: уште на стартот „Марили“ мошне амбициозно ја осмисли и реализира првата манифестација за избор на жени менаџери, што започна со издавањето на Бизнис каталогот во 1997 година. Самата манифестација беше одржана во првата половина на 1997 година. Во исто време се започна со Бизнис каталогот на Република Македонија, како и со организирање на Фестивалот на пазарни комуникации на Р. Македонија.

На оваа првична иницијатива и идеја, подоцна се надоврзаа официјалните кампањи за избор на успешни маркетинг промоции на Министерството за економија, како и кампањата за „Купувајте македонски производи“. Во 2000 година, покрај печатеното, беше изработено и електронско издание на Бизнис каталогот, кое во почетокот се хостираше на сајтот на Македонска информативна агенција (МИА), а подоцна беше реализирана и самостојна Веб страница. Со тоа уште во раната фаза на навлегување на Интернетот во Македонија, „Марили“ се вклучи во светските комуникациски автопати. Во 2012 година агенција „Марили“ го активира и бизнис порталот www.marili.com.mk.

Од 2013 година Агенцијата издава по два каталози годишно, како зимско и летно издание. Во изминативе 24 години беа испечатени 30  изданија на Бизнис каталогот, а годинава го одбележуваме и 24-тото издание на манифестацијата „Избор на топ 10 најуспешни жени-менаџери од Р.С.Македонија и од дијаспората“. Од самиот почеток на работењето во Агенцијата бевме свесни за значењето на нашата маркетиншка промоција во јавноста и тоа беше една од причините сами, односно, во соработка со други агенции и медиуми да го организираме нашиот настап во електронските и печатените медиуми, како и настапот со плакати, билборди, радио и ТВ спотови и сл.

Во изминативе 24 години постојано се зголемуваше бројот на деловни пријатели, соработници и консултанти на Агенцијата, а постојано се зголемува и медиумското внимание посветено на нашата работа и на проектите што ги реализираме.

Бизнис каталогот „С.Македонија“, годишник на Книгоиздавателството и агенција за маркетинг „Марили“, од година во година станува се побогата и попривлечна публикација. Каталогот претставуваше одлична базична идеја за да се создаде нова форма на презентација на потенцијалите на нашата земја, која прерасна во видеопродукциски проект. Така, преку ТВ Магазинот за бизнисот и културата „МК ПРОЕКТ“, агенцијата „Марили“ настојуваше да промовира нова атрактивна форма на презентација која и во услови на светска рецесија ќе ги даде суштинските одговори на се она што го нуди Македонија како природен, културен и економски потенцијал на почетокот на 21-от век.

Агенцијата постави нов проект во 2015 година, тематски ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современта жена“ којшто оваа година по шести пат ќе биде посветен на современиот животен стил на жената. Жената е ангажирана со деловните и домашните обврски и затоа треба да биде информирана и едуцирана за се што е значајно и современо за нејзиното здравје и убавина.

Истовремено на крајот на 2016 година агенцијата „Марили“ го промовираше МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ  на жените менаџери, којшто ги обединува најуспешните жени менаџери од изминативе речиси 2,5 децении, а кои биле дел од проектот на Агенцијата и кои ќе продолжат да соработуваат во Клубот, со цел подобрена деловна комуникација, но и реализација на други значајни проекти од општо- општествен интерес како што се хуманитарните проекти. Првиот беше реализиран во 2014 година насловен „Жените за жените“ кога беа донирани средства и беше купен апарат за Клиниката за онкологија и радиотерапија наменет за рана детекција и лечење на карцином на дојка кај жената. МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ продолжи со своите активности заедно со тематскиот ден „ДАМА-ДА“ организирајќи хуманитарна аукција на слики во 2018 година и хуманитарна акција „ДАМА-ДА-Донира“ во 2019 година и собраните средства ги насочи за подобрување на здравствената и социјалната положба на болните и ранливи категории на население.

Содржината е прочитана 8494 пати.