Инфо

Општина Бутел доби мерна станица за квалитет на воздухот

Мерната станица е финансирана од ЕУ и е дел од кампањата „ЕУ за тебе!“

вторник, 13 март 2018

Општина Бутел доби мерна станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух и бутелчани веќе од денеска можат да се информираат за тоа каков воздух дишат.

Мерната станица е финансираната од ЕУ и е дел од кампањата „ЕУ за тебе!“ која има за цел да ја подигне свеста, но и да ја информира јавноста за континуираната поддршка што ја дава Унијата за секторот за квалитет на воздухот.

Европската унија, исто така обезбеди специјализирано возило за вршење редовно калибрирање и услуги за одржување, како и одреден број инструменти за да се подобри следењето на квалитетот на воздухот во земјата. Корисник на овој проект, во вкупна вредност од 272.000 евра е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерната станица во Бутел ја пуштија во употреба шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски.

Министерот Дураки изјави дека се планира да се постават мерни станици и во други општини, но не прецизираше каде и кога ќе биде сторено тоа.
 

Содржината е прочитана 59 пати.