Инфо

Во јануари годинава дошле 14,2 отсто повеќе туристи отколку лани

Во првиот месец оваа година во Македонија дошле вкупно 49.347 туристи кои реализирале 107.324 ноќевања, што е за 22,1 отсто повеќе од истиот месец минатата година

вторник, 13 март 2018

Се зголемува бројот на туристи кои ја посетуваат нашата земја. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во јануари годинава во Македонија дошле 49.347 туристи, што е за 14,2 отсто повеќе отколку во јануари лани.

Зголемен е и бројот на ноќевања, односно, во јануари 2018 година биле реализирани вкупно 107.324 ноќевања, или за 22,1 отсто повеќе од што имало во истиот месец минатата година.

Бројот на домашните туристи во јануари годинава, во однос на јануари лани е зголемен за 5 проценти, а бројот на странските туристи за 20,9 проценти. Домашните туристи оствариле за 11,2 отсто повеќе ноќевања, додека странците, пак, за 32 отсто повеќе отколку во јануари минатата година.

Според ДЗС, бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 година е намален за 4,4 проценти, но бројот на ноќевањата е зголемен и тоа за 3,5 отсто.
 

Содржината е прочитана 71 пати.