Бизнис вести

Хари Костов купи 500 обични акции на Комерцијална банка

Со својата нова инвестиција, првиот човек на Банката сега поседува речиси 0,5 проценти од вкупниот број издадени акции

вторник, 13 март 2018

Главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов откупи 500 обични акции со право на глас издадени од Комерцијална банка АД Скопје, известува Банката преку објава на Македонска берза.

Со вложените триесеттина илјади евра на Костов, веднаш се забележа мало раздвижување со хартиите од вредност на Комерцијална банка што се во оптег. Вчера, акцијата на Комерцијална банка АД Скопје достигна вредност од 3.818 денари, а беше истргувана вкупна количина од 3.265 акции. Со тоа беше речиси достигнато нивото на највисоко поставена цена во последната година од 3.928 денари.

Вкупниот број акции издадени од Комерцијална банка во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас. Со својата нова инвестиција, Хари Костов сега поседува речиси 0,5 проценти од вкупниот број издадени акции.
 

Содржината е прочитана 95 пати.