Бизнис вести

Бизнос форум: Дигитализација на Македонија по примерот на Естонија

На Формуот во Стопанската комора беше најавено скорешно воведување директна авиолинија Охрид-Талин и беше испратена порака за интензивирање на деловната соработка меѓу двете држави

понеделник, 12 март 2018

Македонија да ги искористи искуствата од Естонија за да го подигне нивото на дигитализација, но и да научи од оваа мала економија како се повлекуваат средства од европските фондови, беше речено на денешниот бизнис форум во Стопанската комора на Макеоднија.

Форумот го најави скорешното воведување директна авиолинија Охрид-Талин и испрати порака за нужно интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји, со оглед дека за тоа нема никаква реална пречка, ниту постојат отворени прашања.

Како да се спречи одливот на младите едуцирани кадри, истакнаа учесниците, мора да биде прироритет и во Македонија и во Естонија.

„Естонија има слична ситуација како нас, а многу подобри резултати. Со агресивната политика на дигитални технологии, се наметна како сериозен партнер на европската економија. Ако ние тука, во овој сегмент, не направиме максимални напори да бидеме конкурентни, ќе ја срушиме својата сопствена предност во однос на големите економии – да бидеме попаметни, подобри и покреативни како извор на сервиси. Дигитализацијата, воедно, е високо на агендата на ЕУ“, изјави претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, кој е домаќин на естонската делегација.

Според него, трговската соработка со Естонија досега се одвиваше инцидентно, неорганизирано и без стратегија. Иако македонската страна бележи позитивно трговско салдо и суфицит од околу три милиони долари, примерот не е доволно добар.

Дека размената е мала и несоодветна на можностите, се согласи и амбасадорот на Естонија, Вајно Реинарт.

„До пред три години размената беше ограничена на 400.000 евра. Но, од тогаш до сега се зголеми за 15 пати и достигна 6 милиони евра. Ова е значителен напредок, но можеме уште повеќе“, потенцира амбасадорот.

Стопанствениците од Естонија ценат дека Македонија има поволна даночна политика, а бараат партнери за соработка главно во прехрнабената индустрија и земјоделството.

Во однос на увозот и извозот, Македонија во Естонија најмногу пласира електрични спроводници, а увезува конзервирана риба.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 82 пати.