Инфо

Во јануари биле издадени двојно помалку одобренија за градење во однос на лани

Годинава биле издадени само 189 одобренија за градење, што е за 48,6 отсто помалку во однос на јануари 2017 година

понеделник, 12 март 2018

Во јануари годинава се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалена е и предвидената вредност на објектите, која во првиот месец од 2018 година изнесувала 2. 412. 194 илјади денари, а тоа е за дури 54,1 отсто помала од вредноста забележана според издадените градежни дозволи во јануари 2017 година.

Од вкупниот број издадени одобренија, 132 одобренија, или 69,8 проценти се однесуваат за објекти од високоградба, 20 одобренија се за објекти од нискоградба и 37, односно 19,6 отсто се одобренија за реконструкција на објекти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека од вкупно 189 објекти, на најголемиот дел, поточно на 140 инвеститори се физички лица, додека на 49 објекти, што е 25,9 отсто инвеститори се деловни субјекти.
 

Содржината е прочитана 67 пати.