Инфо

Работниците во „Еурокомпозит“ добија по 22.000 денари

Владата ќе обезбеди средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби

понеделник, 12 март 2018

Вработените во „Еурокомпзит“ го добија надоместокот во висина од 22.000 денари, а Владата работи на трајно решение, соопшти владината прес-служба.

Министерството за внатрешни работи е задолжено да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпзит“, да ги репрограмира обврските кон прептријатието како и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството.

„Министерството за внатрешни работи ја исполни својата обврска и изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите на ‘Еурокомпозит’, со што е обезбеден надоместок од 22.000 денари за секој од вработените“, соопшти Владата.

Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката АД „11 Октомври Еурокомпозит“, Владата ќе обезбеди средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години.

 

Содржината е прочитана 77 пати.