Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува сапунот од козјо млеко на компанијата „Стојневи“

Сапунот од козјо млеко на компанијата „Стојневи“ е природен еликсир за кожата кој истовремено решава и бројни дерматолошки проблеми. Повеќе за овој производ ќе може да дознаете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, што ќе се одржи на 31.03.2018 година во „Холидеј Ин“ од 10.00 до 16.00 часот, каде „Стојневи“ ќе има свој штанд

петок, 09 март 2018

Компанијата „Стојневи“ веќе неколку години се занимава со производство на сапун од козјо млеко. Овој производ претставува вистински природен еликсир за секој вид кожа, но истоврмено е и решение за бројни дерматолошки проблеми. 

Сапунот се изработува со ладен процес при што сите лековити и корисни состојки од свежото козјото млеко остануваат во сапунот, исто како и од органските и ладно цедени масла за јадење. Лековитоста на козјото млеко е позната поради тоа што ги содржи витамините: Е, А, Б6 и Б12. Козјото млеко, исто така,делува како омекнувач кој природно ја враќа влажноста на кожата и нежно ја смирува. Комбинацијата на ладно цедените и органски масла за јадење изобилува со витамините А, Д, Е и К,и со минералите: калциум, фосфор, натриум, калиум и железо, со омега-3 и омега-6 масни киселини. Во сапунот има и со голем дел антиоксиданси благодарение на кои ја храни кожата, го успорува нејзиното стареење, ја забрзува регенерацијата и ја прави кожата витална и еластична. Посебно се препорачува на луѓето со испукана и сува кожа, како и на оние кои имаат ексема и псоријаза. Кожата е наш најголем орган и токму затоа треба да се внимава со какви средства ќе ја одржуваме чиста.

Овој сапун е изработен од природни состојки и нема ниту капка хемија. Може да се користи за сите типови кожа и за било која возраст. Наменет е за хигиена на целото тело, но и за миење на косата, а со него можат да ја одржуваат хигиената и оние кои имаат брада. Алкален е, Ph вредноста му е повисока од Ph на нашата кожа,а, бидејки кожата има својство да се обновува, во период од неколку минути ја средува таа разлика, но без да се користи било каква хемија.

Според мислењето на експертите, сапунот од козјо млеко претставува конкуренција на било кој антибактериски сапун, кога е во прашање лечење акни и мозолчиња. Млечните протеини присутни во овој производ содржат неверојатни антимикробни својства, па така го спречуваат зголемувањето на бактериите што ги предизвикуваат акните, а воедно и ги чистат веќе постоечките акни. Редовното користење на сапунот од козјо млеко може да помогне во намалување на воспаленијата на кожата, бидејќи козјото млеко е познато по тоа што има антивоспалителни својства. Исто така, козјото млеко е обогатено со алфа хидроксилни киселини, кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и го поттикнуваат растењето нови и здрави клетки во телото. Помага да се обнови оштетената кожа и ѝ дава млад и свеж изглед. Сапунот, исто така, содржи селен, за кој е докажано дека може да ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци од сонцето.

За разлика од природните сапуни, хемиските, според нивниот состав претставуваат детергенти. Природниот сапун, во основа е мешавина од животинско или рестително потекло. Сите природни сапуни се со неутрален мирис.

Несакаме да додаваме есенцијални масла за да не дојде до некоја несакана алергиска реакција кај оние корисници чија кожа може да не го поднесува тој вид есенцијално масло. Ние сакаме тоа да биде сведено на нула и да нема апсолутно никаков негативен ефект.

Квалитетот и исправноста на сапунот е испитана во Институт за јавно здравје – Скопје, од каде имаме документ дека ги исполнува критериумите за микробиолошка и хемиската чистота, како козметички производ. Рачно изработените сапуни ја чуваат нашата животна околина.
 

Содржината е прочитана 1304 пати.