Инфо

„Гсол“ ги повикува необезбедените доверители на „Фени“ да ги достават барањата

Барањата се доставуваат од 12 до 16 март кај правните застапници на „ЕуроНикел“- Скопје. Претходно, компанијата најави исплаќање на вкупните побарувања на комбинатот.

четврток, 08 март 2018

Компанијата „Гсол“ преку претставништвото „Еуроникел“ Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за „Фени индустри“ АД-во стечај, да ги достават своите барања за да може да почне постапката за исплата.

Барањата се доставуваат од 12 до 16 март кај правните застапници на „ЕуроНикел“- Скопје. Претходно, компанијата најави исплаќање на вкупните побарувања на комбинатот.

„Се покануваат необезбедените доверители во гореспоменатата стечајна постапка, да го контактираат Адвокатското друштво ‘Поленак’ на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини“, се вели во соопштението на швајцарскиот инвеститор и се потенцира дека со ова, практично, се запира неизвесноста за „Фени- индустри“ и почнува излезот на компанијата од стечај.

 

Содржината е прочитана 141 пати.