Инфо

Индустриското производство во јануари со раст од 8,4 отсто

Според главните индустриски групи, производството во јануари годинава во однос на јануари лани најголем пораст има кај групата трајни производи за широка потрошувачка и тоа за 57,5 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 26,1 отсто

среда, 07 март 2018

Индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 8,4 отсто во однос на јануари минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,9 отсто, во секторот Рударство и вадење на камен опаѓање од 0,3 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од дури 28,4 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат на зголеменото производство на прехранбени производи, на пијалаци, текстил, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерали, производство на фабрикувани метални производи, на електрична опрема, производство на машини и уреди, на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2018 година во однос на јануари лани бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 15,8 отсто, капитални производи за 26,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 57,5 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 26,1 отсто.

 

Содржината е прочитана 55 пати.