Инфо

Таксистите не мора да знаат англиски за да возат такси

Со најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај се укинува обврската што им беше наметната на таксистите во почетокот на минатата година

вторник, 06 март 2018

Таксистите во иднина нема да мора да знаат англиски јазик за да добијат лиценца за работа. Со најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај се укинува обврската што им беше наметната во почетокот на минатата година.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески очекува предложените законски измени набрзо да бидат усвоени откако вчера поминаа во прво читање во парламентот. Измените се прават на барање на такси превозниците.

„Целта е да им ги олесниме условите за работа и да им овозможиме на оние лица кои немаат одреден степен на познавање англиски јазик, а се заинтересирани и компетентни за услугата такси превоз, да се приклучат кон оваа дејност“, изјави денеска Сугарески.

Тој погтенцираше дека со измените воопшто нема да се доведат во прашање безбедноста во сообраќајот и квалитетот на извршување на такси превозот.

 

Содржината е прочитана 82 пати.