Инфо

„Фантазија“ – нов бренд на „Макпрогрес“

Станува збор за линија на полуготови производи за брза, успешна и лесна подготовка на разни рецепти. Асортиманот го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини и голем избор на декорации за десерти

вторник, 06 март 2018

Кондиторска компанија „Макпрогрес“ го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд „Фантазија“. Инвестицијата во вредност од 650.000 евра ќе обезбеди нови вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Брендот „Фантазија“ е линија на полуготови производи за брза, успешна и лесна подготовка на разни рецепти. Асортиманот го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини и голем избор на декорации за десерти.

„Како што кажува и самото име ‘Фантазија’, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години, се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи што ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските“, рече Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ Виница.

 

Содржината е прочитана 151 пати.