Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви го претставува салонот за убавина „Silhouette“

Убавата кожа и прекрасната коса веќе не се привилегија само на гените. Денеска негата на лицето и на телото се составен дел на секоја современа жена. А, тоа, на сите припаднички на понежниот пол им е достапно во салонот на убавина „Silhouette“, кој ќе се претстави со свој штанд на тематскиот ден „ДАМА-ДА“ – Здравјето и убавината во функција на современата жена, што ќе се одржи на 31.03.2018 година во „Холидеј Ин“ од 10 – 16 часот

вторник, 06 март 2018

Убавината од секогаш го имала најважното место во животот на секоја жена. И, додека во минатото се верувало дека само гените се заслужни за убавата кожа, тело, коса, денеска веќе сите припаднички на понежниот пол можат да имаат убав тен, негувана кожа, складно тело.

Салонот за убавина „Silhouette“ веќе 25 години успешно држи чекор со светските трендови за убавина. Бројниот персонал едуциран да ракува со најсовремената технологија ги применува најефективните светски иновации и нуди третмани со кои убавината станува достапна за секоја жена.

Салонот располага со над 50 видови апарати со повеќе функции и програми кои опфаќаат третмани на лице, тело и на коса, со кои сите соништа за убавина стануваат реалност.

„Silhouette“ нуди разни третмани за тело. Со помош на најновиот апарат „вселенски брод“ третманите можат да се програмираат во зависност од индивидуалните потреби. „Вселенскиот брод“ помага во елиминација на водената болест (хидроскија) и во отстранување на целулитот од стомакот, задникот, бутовите. Третманот ја активира крвта во вените и артериите, лимфата во лимфните канали, го подобрува и забрзува нивниот проток, а ги елиминира непотребните состојки од организмот и токсините складирани во клетките се елиминираат. LPG третманот е најнов медицински метод што се практикува не само за естетски, туку и за физиотерапевтски потреби и со него се отстранува целулитот. CACI Quantum е најпрестижниот третман за лице и тело кој овозможува двоен бенефит, од една страна нехируршки лифтинг на лице, а од друга, целосно тонирање на телото 

„Silhouette“ нуди и масажа со ароматични масла, со вулкански камења, античка масажа, медицинска,, спортска, релаксирачка масажа, масажа со шампањско, со чоколадо, како и пилинг на телото. 

Во салонот може да се направи и комплетен лифтинг на лице, тело и на гради, зацврстување на мускулите, затегнување на опуштена кожа, отстранување на стрии и лузни. Има 50 видови третмани на лице со исто толкав број биолошки маски специјализирани според типот на кожата и тоа за регенерација и против брчки, за детоксикација и хидратација, за ревитализација и подобрување на тонусот на кожата, антистрес маска...

Новина во „Silhouette“ е таканаречениот „Холивудски третман“ на лице, кој овозможува мазна, затегната кожа без хируршки зафат.

Во салонот може да се направи и надградба на косата, на ноктите, педикир, маникир и професионална шминка за секоја прилика, солариум...
 

 
Содржината е прочитана 173 пати.