Бизнис вести

Објавен повик за субвенционирање компании управувани од жени

За да се добие субвенција треба компанијата да биде над 50 отсто во сопственост на жена и управувана од жена. Се кофинансираат 70 проценти од трошоците, но не повеќе од 150 000 денари

вторник, 06 март 2018

Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање компании кои се во сопственост и се управувани од жени. Според критериумите на конкурсот, се субвенционира компанија која е над 50 отсто во сопственост на жена и управувана од жена, преку кофинансирање на 70 проценти од трошоците, но не повеќе од 150 000 денари.

Компаниите што ќе ги добијат субвенциите ќе можат да ги користат за набавка на опрема, уредување или подобрување на деловниот простор, за дизајн на производ, изработка на веб страница, дизајн на логотип, печатење и т.н. во износ од 70 отсто од трошоците, но не повеќе од 60 000 денари.

Се предвидува субвенциите да се однесуваат на докажаните трошоци за предвидените намени кои се релизирале во 2017 и 2018 година. За оваа намена од Буџетот на РМ ќе бидат издвоени два милиони денари.

 

Содржината е прочитана 290 пати.