Инфо

Дизелот поскапува за еден, а ЕУРОСУПЕР БС98 за половина денар

Новата цена на дизелот ќе биде 58 денари за литар, додека ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и натаму ќе се продава за 65,5 денари за литар

понеделник, 05 март 2018

Од ноќеска на полноќ горивата имаат нови, повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на литар бензин да се зголеми за половина, а на дизелот за еден денар од литар.

Така, сега ЕУРОСУПЕР БС98 ќе чини 67,5 денари за литар, цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и натаму ќе се продава за 65,5 денари, додека новата цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар.

За еден денар се зголемува и цената екстра лесното масло за домаќинство која ќе изнесува 46,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,253 денари и ќе биде 28,109 денари за килограм.

Поскапувањето на цените, според Регулторната комисија е резултат на 2,2 отсто повисока цена на нафтата и за 0,04 отсто понизок курс на денарот во однос на доларот.
 

Содржината е прочитана 28 пати.