Бизнис вести

„Еуроникел“ ќе им ги исплати сите пари на транспортерите на „Фени“

Претставништвото на „Гсол“ ќе средства во висина од 3,1 милиони евра, колку што изнесуваат побарувањата на транспортерите од фирмата „Нова логистик“, за која е извесно дека ѝ претстои стечај

петок, 02 март 2018

„Еуроникел“, претставништвото на „Гсол“, ќе им ги исплати сите средства на транспортерите на „Фени индустри“. Вкупните побарувања на транспортерите во вредност од 3,1 милиони евра се побарувања од „Нова логистик“, фирма за која е сè поизвесно дека влегува во стечај.

„Иако е надвор од законските обврски на ’Еуроникел’, со оглед на ситуацијата каде што е извесен стечај на ‘Нова логистик’, со што дополнително ќе се влоши состојбата на транспортерите, одлучено е да се помогне максимално и да им се исплати вкупното побарување. Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдување на документацијата за побарувањата и по потпишување нотарски договори што ќе бидат склучени со транспортерите“, се вели во соопштението од компанијата.

Од „Еуроникел“ ги повикуваат транспортерите да ги отстранат блокадите за да се овозможи непречен дотур на материјалите за производство за да може фабриката нормално да функционира. Оттаму појаснуаат дека компанијата има интерес да соработува со сите страни, но оти приоритет е нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства.

 

Содржината е прочитана 129 пати.