Здравје/ Убавина

„ДАМА-ДА“ ви ја претставува NATURA SIBERICA природна органска козметика

NATURA SIBERICA (НАТУРА СИБЕРИКА ) – ПОСЕБНА ПОРАДИ СВОЈАТА ПРИРОДА, СО СИБИРСКИ АДАПТОГЕНИ БИЛКИ за првпат на нашиот пазар, а повеќе за неа ќе дознаете на тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 31.03.2018 година во „Холидеј Ин“ од 10.00- 16.00 часот, каде што ќе се претстават со свој штанд и со ваучери со специјален попуст за овој тематски ден

четврток, 01 март 2018

Natura Siberica (Натура Сиберика) е првата компанија која развила уникатна линија на природна козметика на база на рачно набрани диви билки и лековити тревки од студениот Сибир. Таа е специфична поради дивите сибирски адаптогени билки и рецептурите кои се користеле во древната руска традиција. 

Овие билки имаат способност да се прилагодуваат и така ѝ помагаат на кожата да се адаптира на различни временски услови, но, исто така, ја ревитализираат и го забавуваат стареењето на кожата.

Досега во светот се откриени дванаесет видови адаптогени билки. Сибир е природно живеалиште за дури четири од нив, кои локалното население ги користело со векови, а,експертите, пак, во Natura Siberica сите тие корисни својства ги вклучиле во своите козметички производи.


 Соочена со се поголеми разлики во температурите во текот на годината, изложена на претопол или многу студен и главно недоволно влажен воздух во просториите, нашата кожа често реагира со преголема чувствителност, пукање на капилари, сува кожа и предвремена појава на брчки. Во вакви ситуации како мошне ефикасни се покажале козметичките производи во кои се користат лековитите билки и нивните рецептури кои се употребувале во традицијата на автохтоното сибирско население. Токму затоа производите на Natura Siberica станаа светски хит и едни од најпродаваните во делот на природна и органска козметика.

Понудата содржи широка палета на производи наменети за млада и зрела кожа, шампон, купки, балзами, сапуни и креми за раце, маски за лице и детска органска козметика Little Siberika. Специјална AbsolutAnti Age програма во својот состав има Белуга Кавијар, кој е богат со витамини и аминокиселини заедно со органски екстракти од билки. Професионална палета за нега на коса Oblepikha има уникатна база од Сибирски бор (Pinus Siberica Seed Oil), која е патентирана од компанијата. 


Little Siberica е органска палета специјално дизајнирана за нега на новороденчиња, бебиња и деца. Сите производи се без парабени, силикони, синтетички мириси и пигменти, гликол и минерални масла.

 Уникатноста и чистотата на производите на Natura Siberica се потврдени со големиот број сертификати за еколошка и биолошка козметика, како што се ECOCERT1 и ICEA2, и моментално е една од ретките компании во светот која се стекнала со сертификатот Cosmos-Standard AISBL3.

Задоволството на љубителите на природна и органска козметика се рефлектира преку големиот број награди добиени низ светот. 

Оваа програма има добиено голем број светски престижни награди , меѓу кои:



1. Болоња, Италија 2012 год. - За најдобра органска козметика во светот
2. Лондон, Англија 2013 год. - Најдобар органски бренд за мајки и децаLittleSiberica
3. Париз, Фрaнција 2014 год. - Најдобар органски производ за нега на кожа- Детокс сапун за длабинско чистење.
4. Live Organic Awards 2015, 2016 и 2017 год.

Официјален увозник и дистрибутер за Македонија – Нелт СТ
Facebook страница Natura Siberica Makedonija.  (www.facebook.com/NaturaSibericaMK/)
 

 

Содржината е прочитана 702 пати.