Бизнис вести

Себастијан Соса, претставник на ММФ во Македонија

Соса, кој е резидентен претставник на ММФ во Србија, ќе ги обавува и двете функции истовремено

среда, 28 февруари 2018

Меѓународниот монетарен фонд го назначи Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така да ја врши функцијата на резидентен претставник во Македонија.

Информацијата ја соопшти денеска во Вашингтон Џесмин Рахман, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија.

„Соса ќе остане со седиште во Белград и ќе ги покрива двете држави. Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје. Исто така, ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија“, се вели во изјавата.
 

Содржината е прочитана 139 пати.