Здравје/ Убавина

Предавачи на тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“

Ве покануваме да присуствувате на одлични предавања и едукации од тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој што ќе се одржи на 31.03.2018 (сабота) во хотелот Holiday Inn - Скопје од 10.00-16.00 часот

среда, 28 февруари 2018

Предавач: Д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог акушер, субспецијалист за стерилитет и инфертилитет, од болница „Плодност“- Битола

Тема: „Емоционален аспект кај жената при ин витро оплодување

Во текот на ИВФ постапката жената е соочена со предизвикот за успехот или неуспехот од ин витро оплодувањето кои ја опетеруваат нејзината емоционална состојба. Таа доживува стрес во четири фази: за време на подготовката, за време на вадењето на јајните клетки, за време на ембриотрансферот и две недели по ембриотрансферот кога треба да ги осознае резултатите од вонтелесното оплодување. Секоја фаза на свој начин влијае на нејзините емоции, душевна состојба и расположение кое го манифестира на најразлини начини, особено во последната фаза кога се знае исходот од ивф постапката.Тогаш таа манифестира состојба на еуфорија кога е резултатот позитивен и состојба на депресија и плачење кога е негативен. Секој кој што ја работи оваа постапка ги доживува овие убави или тешки моменти, особено кога е очи во очи со пациентката. Низ кои емоционални потешкотии поминува жената во процесот на ин витро оплодување, ќе дознаете повеќе на овој тематски ден.


Предавач: Елена Табаковска, директор на ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ- Скопје

Тема: „НУТРАГЕН ЗА ЖИВОТ ВО ДВИЖЕЊЕ, ЗА ВЕЧНА МЛАДОСТ И УБАВИНА!“

Денес целата наука оди во насока на поместување на временските граници, зголемување на животниот век на човекот и годините на добро здравје, подвижност и виталност. Или што би рекле пронаоѓање на еликсир на младоста.

До 2050 година се очекува, околу четвртина од светската популација да биде над 60 години, според прогнозите на ОН. Иако се поголем број на луѓе достигнуваат постара возраст, бројот на години на добро здравје се намалува.

После 25-тата година секој од нас губи за 1,5% годишно, кумулативно од способноста за природна синтеза на колаген, затоа и почнуваме да старееме, не само физички со појава на брчки, туку започнуваат и проблеми со коските, зглобовите, подвижноста.

Сѐ поактивниот животен стил, поголемите работни обврски, вежбањето со поголем интензитет, прават притисок и дискомфорт во нашите зглобови што многу често резултира со повреда на сврзните ткива. Прекумерната тежина исто така придонесува за болка во зглобовите. Процесот на стареење со себе носи дополнителни проблеми со зглобовите и коските.

Кога е убавината во прашање сите знаеме дека само здрав човек може да биде убав човек и се повеќе сме свесни дека убавината доаѓа од внатре. Денес се популарна и покористена е нутрикозметиката, тоа се производи кои се пијат и од внатре доаѓаат до кожата, затоа нивното дејство е постојано и веднаш видливо.

За здраво стареење, убавина од надвор и од внатре, за виталност и за живот во движење, формулиран е НУТРАГЕН!
НУТРАГЕН е комплекс од 10 g хидролизиран колаген тип 1 од риба Тилапиа, во комбинација со хијалуронска киселина, витамини А, Б, Ц, Д3 и минерали бакар и цинк. Секоја од овие состојки е со докажано дејство на кожата, коските и зглобовите.

НУТРАГЕН ја промовира виталноста, помагајќи ни да останеме физички активни и во форма!
НУТРАГЕН ја зголемува хидратацијата и еластичноста на кожата, придонесува за намалување на брчките, помага во сите медицински состојби каде што е нарушена структурата на кожата и го забавува процесот на стареење.

НУТРАГЕН придонесува за подобрување на функцијата на зглобовите и ги намалува инфламацијата и дикомфортот, ја зголемува цврстината и густината на коските, дава подршка на тетивите и лигаментите, помага во превенција на повреди и го забрзува процесот на опоравување и брзо враќање во форма.

На пазарот постојат многу колагени поради тоа кога избираме колаген треба добро да ги прочитаме сите информации за проиводот и да внимаваме што добиваме за цената која ја плаќаме.

Зошто ние се одлучивме за НУТРАГЕН и зашто секој од нас треба да користи НУТРАГЕН?

1. Во НУТРАГЕН е најдобрата светска колагенска молекула (прогласена од Светското истражувачко Ортопедско Здружение на последниот конгрес за Остеопороза)
2. Има највисока концентрација на колаген од риба во дневна доза – 10 грами = дневна ефективна доза. Предност на рибиниот во однос на говедски и свински е ниската молекуларна маса на која се должат брзите и видливи резултати, ниската температура на екстракција и големата биолошка вредност.
3. Во НУТРАГЕН има комбинација на колаген, витамини, минерали и хијалуронска киселина
4. Потврдено дејство на кожа, коски и зглобови со клинички студии
5. Потврдено од престижни дерматолошки и ортопедски институции
6. Видливи резултати на кожа уште во првиот месец од употребата, на зглобови и коски 2-3 месеци после употреба
7. На наше огромно задоволство и задоволство на нашите лекари – НИ ЕДЕН НЕЗАДОВОЛЕН КОРИСНИК ДОСЕГА!.


Предавач: Д-р Горица Дачевска, генерален менаџер на ПЗУ „Д-р Горица“ - Скопје

Тема: „Кожата огледало на  нашето здравје“

Кожата претставува најволуменозен орган кој во целост го прекрива нашиот организам. Но кожата не претставува само заштитна бариера од надворешните влијанија туку има низа други функции во организмот.

Една од значајните функции на кожата е да ни испраќа пораки за нашето внатрешно здравје, односно да ни сигнализира кога настануваат дисбаланси или други здравствени проблеми во организмот, па оттука произлегува и изреката ‘’Кожата е огледало на нашето здравје“

Промените на кожата честопати претставуваат симптоми на сериозни функционални, генетски, метаболни или системски нарушувања. Па многупати при отстранување на примарната причина ги решаваме и проблемите поврзани со кожата.

 Предавачи: Д-р Весна Ѓорѓиеска - спец. по анти аге медицина и спец. Д-р Екатерина Јурукоски - Дерматолог / козметолог

Тема: „Новиот изглед на современата жена“

Beauty трендови - што е ново во анти агинг медицина Нов пристап на подлмадување и разубавување со т.н. персонализирана медицина.
Најнови третмани и методи од 20 тата до 70+ , препорачани од „Дерма Бела“ Центарот за медицинска козметика и естетика

 

 
 

Ексклузивен гостин на тематскиот ден „ДАМА-ДА“

ЈЕЛЕНА БАЧИЌ АЛИМПИЌ

позната новинарка, ТВ водителка и писателка од Р.Србија со која ќе се развие дебата на

Тема: „Што од денешен аспект претставува современата жена?“

 

 

 

 

Предавач: Горазд Смилевски, генерален менаџер на Бизнис Академија Смилевски (БАС) - Скопје

Тема: „Жени во „машкиот“ професионален свет“

Една од горливите теми на денешницата е професионалната и деловна (не)еднаквост меѓу жените и мажите.

Очигледниот постоечки јаз меѓу „машките“ и „женските“ професии се чини окована во вредностите, менталитетот и културата на заедницата.

Дали овој јаз е сурова и неменлива реалност или за жената постојат начини за праведна и правична борба за рамноправност со мажот во бизнисот и кариерата?

 


Предавач: Огнен Јанески. водител и тренер за јавни настапи

Тема: „Не плашете се од тремата – таа ви е најдобар пријател“

Процентот на луѓе кои имаат трема од јавен настап пред публика или пред камера, иако делува дека се намалува, поради дигиталниот свет во кој живееме, сепак е многу висок, како што бил и порано. Некои од нас страдаат од срамот за излегување пред непознати луѓе кои чувствувате дека ќе ве скенираат до срж, а некои страдаат од стравот од непознатото и обраќањето „во празно“ кога треба да зборуваат пред камера.

Ова предавање ќе ви помогне да бидете подобри во својот јавен настап, преку советите кои ќе ви бидат презентирани.Совети кои се спротивни на оние ќе ви речат да се напиете нешто пред настапот, за да се смирите. Не правете го тоа. Зашто никој подобро од вас не знае да го презентира тоа за коешто ве побарале. Затоа и ве одбрале, затоа сте и дел од овој тематски настан.


Предавач: Марина Анчевска, сопственик и генерален менаџер на „Центар за бизнис психологија Југоисточна Европа“- Скопје

Тема: „Вашето херојско патување Интерактивно мотивирачко предавање Животот е процес и секој од нас, свесно или несвесно, патува низ животот“

Дали патувањата се херојски зависи од тоа како ги трансформираме предизвиците и како истите делуваат на нашето освестување. Секое патување носи нови доживувања, отвора нови видици и доколку знаеме да ги препознаеме и искористиме, ние се издигнуваме себе си и креираме нов идентитет. Промените се дел од животот, а развојот е опција. Бидете дел од поголемата слика, инволвирајте се, енргетизирајте се и започнете го патувањето. Откријте какво е вашето херојско патување и што е тоа што ве води, што ве мотивира да го правите токму тоа што го правите? Марина Анчевска НЛП Тренер, мотивациски говорник, бизнис коуч и автор на книгата “Едноставно јас”.


Предавач: Д-р Горан Николов, специјалист интернист-супспецијалист кардиолог во Центарот за внатрешни болести „Срце“ во Скопје

Тема: „Со хроно исхрана до вита става и добро здравје“

Програмот на Хроно исхрана овозможува без голема мака, за кратко време, да се научат принципите на здрава исхрана, правилен избор на намирници и добри комбинации на различни намирници, кои можат да се применат во секоја прилика, на училиште, на работа, дома, на одмор или службен пат.

Програмот не подразбира броење на калории, мерење намирници и одредување количина на храна, не постојат одредени листи на јадење, како ни зададени рецепти. Филозофијата на програмот е во тоа да секој човек добие знаење кое ќе биде основа за понатамошно живеење на здрав живот.

Трите основни принципи на кои се базира програмот Хроно исхрана се:

А) Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување) затоа што закислувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)

Б) Правилен временски распоред на дневните оброци – задолжителни се три главни оброци во денот (доручек, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна, дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни)

В) Глуциден индекс (ГИ) – брзината со која одредени храни го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта (гликозата) односно примена на така наречени спори шеќери, т.е. сложени јагленихидрати во исхраната.

Посебно е значаен по тоа што сите правила можат да се применат во семејството и што децата можат многу рано да се усмерат кон целта да имаат долг и здрав живот.

Оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

Предност на програмот на хроно исхрана е во тоа што никогаш не се јавува т.н. “јо-јо” ефект (губење – враќање на тежина), а метаболните пореметувања трајно се решаваат.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.

Во рамките на нашиот центар за дијагностика ги извршуваме сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа во тек на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли го следиме постигнатиот резултат.

Во првата фаза од програмот на исхрана, т.н. рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалоци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалоци. По спроведување на рестикривниот режим одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.

Доколку кај некој пациент се најде одредена интолеранција на некоја храна, во траење од 3-6 месеци се спроведува т.н. детоксикација од таа храна, а по спроведување на истата полека, постапно се враќа таа намирница во исхраната.

Промената на некои стекнати штетни навики и прифаќањето на здравите навики во исхраната, како и совладувањето на основите на физиологијата на исхрана ќе требаат понатака да се применуваат трајно во животот. И тоа е основниот принцип на хроно исхраната.

Оваа програма дава извонредни резултати кај гојните, лицата кои боледуваат од дијабет и кај сите луѓе кои имаат зголемени маснотии во крвта или било кој облик на метаболен синдром. Како напомена би рекле дека кај луѓето за многу кратко време се постигнува подобрување на сите физиолошки параметри (веќе во првите 24 часа, највеќе до 7 дена).

Во нашиот центар постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.

- Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскено-минералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам.

- Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање на интолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.

После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.

Програмот може да го користат луѓе од сите возрасти, а особено програмот е погоден за деца, трудници, оние кои се здрави и немаат здравствени проблеми. Луѓето кои страдаат од современите болести на метаболизмот, покачени маснотии (холестерол и триглицериди), покачен шеќер – дијабет. Посебна група на луѓе се луѓето со прекумерна телесна тежина – гојазност или т.н. метаболен синдром.

Практично постојат програми на исхрана за најчеститетите заболувања кај човекот (анемија, покачен крван притисок – хипертензија, дијабетес итн.; како и посебни програми за спортисти; потхранети итн.

Програмот за хроно исхрана – др.Гифинг, ексклузивно за прв пат во Македонија се спроведува во Центарот за внатрешни болести ,,Срце” во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија.

 

Содржината е прочитана 4366 пати.