Бизнис вести

Утре истекува рокот за поднесување годишна пресметка

Самостојните вршители на дејност, пак, годишните сметки можат да ги достават до 15 март, во хартиена и во електронска форма

вторник, 27 февруари 2018

Утре истекува рокот во кој правните субјекти треба да достават годишна сметка и финансиски извештаи до Централниот регистар. Самостојните вршители на дејност, пак, годишните сметки можат да ги достават до 15 март, во хартиена и во електронска форма.

За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и на финансиските извештаи во електронска форма е 15 март оваа година, додека големите и средни трговци треба да достават годишна сметка до Централниот регистар само во електронска форма.

Централниот регистар денес и утре ќе врши прием на годишните пресметки во период од 7 до 21 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 8 до 16 часот. Во градовите каде што Централен регистар нема канцеларии, приемот ќе биде со следниот распоред: во Кратово прием ќе се врши во просториите на Општина Кратово од 8 до 16 часот, во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ од 8 до 16 часот и во Демир Хисар, во просториите на Општината од 8 до 16 часот.
 

Содржината е прочитана 282 пати.