Бизнис вести

Вината на „Стоби“ на саемот за прехрана „Продекспо“ во Москва

При претставувањето на саемот, винарницата стави акцент на вината од ексклузивната линија „Приватна резерва“ (Private Reserve) кои редовно ги освојуваат најпрестижните награди на винските натпревари низ светот

понеделник, 26 февруари 2018

Винарницата „Стоби“ на почетокот од месецов го претстави своето портфолио на производи на еден од најреномираните светски саеми за прехрана, „Продекспо“ во Москва.

Претставувањето на „Стоби“ го одржа тимот на винарницата во соработка со својот долгогодишен дистрибутер на рускиот пазар, компанијата „Браво трејд“. Претставувањето пред руските, но и многубројните посетители од странство беше заокружено со специјален дегустативен настан на кој главен акцент беше ставен на вината од ексклузивната линија „Приватна резерва“ (Private Reserve) кои редовно ги освојуваат најпрестижните награди на винските натпревари низ светот.

„Нашето успешно претставување на ‘Продекспо’ уште еднаш го потврди високиот углед што вината на ‘Стоби’ го уживаат меѓу пребирливите конзументи во Русија. Станува збор за навистина голем пазар кој е тешко да се освои, а во што ние успеваме веќе подолго време. На овој пазар, како и на сите други пазари каде што сме присутни, нудиме производи со издржан квалитет кои се соодветни на барањата и вкусот на купувачите. Истовремено, го имаме вистинскиот партнер од доверба со кој заеднички се посветуваме на промоција на нашиот бренд. И тоа е вистинскиот рецепт за успех“, рече Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“.

Саемот „Продекспо“ веќе 25 години традиционално се одржува во Москва. Годинешното издание се одржа на простор од околу 100.000 квадратни метри, а на него се претставија вкупно 2.342 компании од 63 земји во светот.

 

Содржината е прочитана 146 пати.