Бизнис вести

„ДАМА-ДА“ тематски ден за здравјето и убавината во функција на современата жена ви го претставува господин Горазд Смилевски

На тематскиот ден „ДАМА-ДА Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој ќе се одржи на 31.03.2018 во „Холидеј Ин“- Скопје, предавање ќе одржи господин Горазд Смилевски, генерален менаџер на Бизнис Академија Смилевски во делот на работа и кариера, на тема „Жени во „машкиот“ професионален свет“

понеделник, 26 февруари 2018

Темата на која што ќе предава господин Горазд Смилевски, „Жени во „машкиот“ професионален свет“ , е една од горливите теми на денешницата , а се однесува на професионалната и деловна (не)еднаквост меѓу жените и мажите.
Очигледниот постоечки јаз меѓу „машките“ и „женските“ професии се чини окована во вредностите, менталитетот и културата на заедницата.

Дали овој јаз е сурова и неменлива реалност или за жената постојат начини за праведна и правична борба за рамноправност со мажот во бизнисот и кариерата?

Бизнис Академија Смилевски во основа е Академија во која се образуваат стручни и професионални менаџери што ќе бидат подготвени за работа уште од првиот работен ден. Всушност тоа е самостојна, независна, високообразовна установа со фокус на практичните и на применливите менаџерски знаења и вештини. Она што во македонските бизниси се покажа како недостаток, се надополнува во БАС со воведување студиска програма за оперативен менаџмент. Во развиениот свет многу е поголем процентот на стручни студии од кои произлегуваат професионалци за работа, заради што БАС е една од малкуте високообразовни установи кои подготвуваат професионални менаџери.

Во Македонија широко се достапни научни студии каде што се проучуваат теории за тоа како се управува, оа во БАС акцентот е ставен на развивање конкретни вештини за истото. Според статистиката од 360 дипломирани студенти на прв и на втор циклус на студии во БАС и голем дел од вонредните студенти веднаш добиле унапредување за она за што се остручени, а оние што се на менаџерска позиција веќе се унапредени. Дипломите од БАС помагаат полесно дипломците да добијат работа на работно место поврзано со некакви менаџерски овластувања и одговорности.

Постдипломские студии се наменети за дипломци кои главно доаѓаат од техичките факултети или од еконоските факултети за да се дооформи образованието на втор циклус на студии. Според господинот Смилевски, менаџментот е занает. Тоа е еден од најстарите занаети, со најобемна палета на алатки, техники и модели за креирање на функционални системи и идентификување, анализа и решавање на проблеми. Менаџментот во суштина е нешто многу рационално и многу практично. Според неговите истражувања и искуства во бизнисот во Македонија, жените се подобри во финансиите, подомаќински се однесуваат и се подоверливи во очите на сопствениците.

Несомнено е и дека управувањето со човечките ресурси сеуште е во рацете на жените во Македонија, а и организациската структура на БАС во сите три организации под капата на Академијата: „ДЕТРА ЦЕНТАР“, БАС и БАС Институт за менаџмент стојат успешни и професионални жени менаџери.
 

Содржината е прочитана 554 пати.