Бизнис вести

Заев на инвестициски Самит за Западен Балкан во Лондон

Македонскиотг премиер ќе има можност да ги презентира потенцијалите за инвестирање во Македонија пред 200 бизнисмени

понеделник, 26 февруари 2018

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции, што го организира Авропската банка за обнова и развој (ЕБОР)..

На инвестицискиот Самит ќе учествуваат шефови на владите на сите шест земји од регионот. Тие ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот.

Оваа година, акцентот на Самитот е ставен на промовирањето проекти во областа на транспортот и енергијата, како клучни регионални тесни грла. Според ЕБОР, планот е да се дискутира за начините за продолжување на агендата за „меки конекции“, чиј клучен елемент е создавање единствен инвестициски простор кој вклучува хармонизација на законодавството, отстранување на нетарифни бариери, подобрување на длабочините и хоризонталните врски на пазарите на капитал, зајакнување на деловното опкружување во регионот и олеснување на странските инвестиции.

 

Содржината е прочитана 168 пати.