Култура

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Македонскиот писател е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина

понеделник, 26 февруари 2018

Македонскиот писател Венко Андоновски е номиниран за престижната Толстоева награда за книжевност „Јасна полјана“. Номинацијата е за руското издание на неговиот роман „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина.

Андоновски, во трка за наградата се најде во друштво на уште 34 светски писатели, меѓу кои се и познатите Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други. Од балканските книжевници покрај Венко Анодовски, номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар.

Резултатите од изборот ќе бидат соопштени во октомври.
 

Содржината е прочитана 117 пати.