Бизнис каталог

Бизнис каталог 2018 / зимско издание

Пред вас е зимското издание на Бизнис каталог на Р. Македонија за 2018 година, кој со својата 22-годишна традиција продолжува да зборува за најдоброто од Р. Македонија.

Пред вас е зимското издание на Бизнис каталог на Р. Македонија за 2018 година, кој со својата 22-годишна традиција продолжува да зборува за најдоброто од Р. Македонија. Посветен е на убавините, автентичноста и раритетноста на овој простор, но и на неговите бизнис-можности за развој и инвестиции. Темата „Вкусот на една гурманска нација“ најсуштински нè обележува како култура, историја, поднебје, своевидна туристичка атракција во срцето на Европа. Прошетката низ убавите предели од исток до запад, од север до југ, со сите традиционални вкусови што се ткаеле од климатското поднебје и од историската крстосница на култури и влијанија е зачинета токму од прекрасните кулинарски специјалитети.

Можностите што ги дава Р. Македонија како бизнис-дестинација се прикажани и преку многубројните бизнис-интервјуа на значајни субјекти во економијата во РМ, од домашните производители до странските инвестиции. Присуството на жените менаџери на раководни позиции е очигледно преку нивните интервјуа и поради фактот дека агенцијата ги поддржува жените во бизнисот. Проектот „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“ опстанува 22 години, а паралелно веќе четврта година работиме и на тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“. Жените менаџери ги обединивме во МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, со кои ги негуваме вмрежувањето, едукациите, хуманитарните проекти и слично.

На страниците на каталогот зборуваме и за јазикoт и чувството за негување на мајчиниот јазик што е одлика на македонскиот народ низ вековите. Секако, има и многу други интересни содржини, а ги издвојуваме и сите спортски резултати што беа поттик за годината што измина за да бидеме подобри во оваа што следува.

Содржините на каталогот се забележани и во електронска форма на нашиот веб-портал www.marili.com.mk , каталогот е присутен во бизнис и во вип-салоните на ТАВ Македонија во Скопје и во Охрид, исто така, во амбасадите, конзулатите, хотелите и во широката продажна мрежа. Дел од тиражот го добива и бизнис-фелата во дијаспората и со тоа се подобрува комуникацијата на бизнис-заедницата во нашата земја и надвор од неа.

Веруваме дека на ваков начин постојанo придонесуваме за подобрување на перцепцијата за нашата земја како европски ориентирана кон културните и бизнис-можностите.