Бизнис вести

Законот за финансиска поддршка на инвестициите од денеска на ЕНЕР

Со овој Закон се регулираат процесите на финансиската подршка на инвестициите за два столба, а за третиот тоа ќе биде преку Фондот за иновации и технолошки развој

четврток, 15 февруари 2018

Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се формализира поддршката и имплементацијата на мерките од Планот за економски раст е објавен на Електронскиот национален регистер на прописи (ЕНЕР).

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека од Законот се очекува зголемување на приватните инвестиции и вработеноста, зголемување на ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, како и зголемување на извозот и регионалната економска соработка.

„Со законот првпат овозможуваме еднаков третман за сите инвеститори, домашни и странски под транспарентни и јавни услови. При тоа мерките се дадени во три столба - финансиска поддршка за инвестиции, финансиска поддршка за конкурентност и финансиска поддршка на малите и средните претпријатија и иновациите“, рече Бектеши и појасни дека со Законот се регулираат процесите на финансиската подршка на инвестициите за првите два столба, додека за третиот столб од мерките за економски раст, поточно оној со кој се опфатени процесите за финансиска поддршка на малите и средни препријатија и иновативноста, ќе бидат регулирани со посебни акти преку Фондот за иновации и технолошки развој.
 

Содржината е прочитана 137 пати.