Бизнис вести

Анѓушев: Осум инвестиции во ТИРЗ за два месеци

Планираните инвестиции се со вкупна вредност од околу 73,5 милиони евра, а треба да бидат отворени повеќе од 1.500 нови работни места

четврток, 15 февруари 2018

„Осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во ТИРЗ за два месеци. Планираните инвестиции се со вкупна вредност од околу 73,5 милиони евра, а треба да бидат отворени повеќе од 1.500 нови работни места во наредните години“, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на прес конференција.

Државата потпишала дговори со компаниите „Мурат виринг системс“ за инвестиција од 4,5 милиони евра со 300 вработени, со „Џемдаш лајтинг Еуропа“ кој ќе инвестира 4 милиони евра и ќе вработи 200 лица, со „Кеслер“ е потпишан договор вреден 2 милиони евра со кој ќе се вработат 80 лица. Потоа со „Доган отомотив“ за еден милион евра и за вработување на 30 луѓе, инвестицијата со „Саген“ е со вредност од 20 милиони евра и треба да вработи 250 лица. „Чагатај кабло“ е инвестиција од 6 милиони евра со 300 вработени, „ВИК“ исто така 6 евра, но со 60 вработени и „Костал“ кој ќе ги прошири своите капацитети со инвестиција од 30 милиони евра во која ќе вработи нови 350 луѓе.

„Сето тоа е направено со нула денари трошок за промоција и за меркетинг, за разлика од претходните 7 години кога беа привлечени 23 инвестиции за кои беа потрошени 225 милиони евра“, рече Анѓушев и потенцираше дека за шест месеци ќе има 30 нови договори со странски инвеститори.
 

Содржината е прочитана 128 пати.