Бизнис вести

Одобрени две нови странски инвестиции

Владата одобри долготраен закуп на градежно земјиште во Бунарџик за компанијата за производство на лекови „Саген“, како и државна помош за „ВИК“, којашто ќе работи во зоната во Прилеп

среда, 14 февруари 2018

Владата донесе одлука за поддршка на две нови странски инвестиции. Едната се однесува за компанијата за производство на лекови „Саген“, која ќе гради фабрика во Бунарџик, а другата за Друштвото за производство, трговија и услуги „ВИК“, што ќе работи во зоната во Прилеп.

На вчерашната владина седница беше одобрен долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ „Скопје 1“за „Саген“ и за доделување државна помош на ВИК Македонија ДООЕЛ с. Алинци.

Засега останува непознато по кои услови Владата ќе ја додели државната помош и државното земјиште имајќи во предвид дека се уште не е донесен новиот закон за финансиска поддршка на инвестиции во кој треба да бидат пропишани новите услови што ќе ги имаат странските инвеститори во Македонија а се во согласност со мерките од Планот за економски раст.
 

Содржината е прочитана 222 пати.