Бизнис вести

Бизнисмените бараат почести опомени и пониски казни

Од Стопанската комора велат дека има голема неусогласеност на Законот за прекршоци со другите закони во однос износите на глобите

понеделник, 12 февруари 2018

Намалување на глобите, а поголема примена на опомените и на прекршочните налози, бараат бизнисмените кои се залагаат за измена на Законот за прекршоци и за негово усогласување со другите закони во делот на износите на казните.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека казнувањето и мандатните налози им создаваат големи проблеми на бизнисмените, пред се поради отсуството на жалбен период.

„Со последните измени на Законот за прекршоци во 2015 година се намалија глобите, но не се укинати членовите со кои се дозволува неколкукратно поголем износ, па највисоката пропишана глоба од 5.000 евра, во одредени закони изнесува 15.000 и 20.000 евра“, рече Татјана Стерјова од Стопанската комора.

Бизнисмените сметаат дека при утврдување на висината на глобата треба да се земат во предвид повеќе фатори, како што се тежината и природата на направениот прекршок, степенот на одговорност на сторителот и останатите околности под кои е направен прекршокот. Тие се залагаат да се исфрли мандатниот платен налог, на сметка на прекршочниот, за кој сметаат дека е многу пофер.

„Прекршочниот платен налог е далеку пофер бидејќи нуди право на жалба ако се признае делото и право на 50 проценти попуст глобата ако се плати во рок од осум дена. Мандатниот платен налог ние би го исфрлиле и би се фокусирале на прекршочниот, каде што и државата и стопанствениците би биле задоволни“, рече Ѓино Шкријељ од Здружението на шпедитери при Комората Шкријељ и побара да се изречува иста казна за ист прекршок.
 

Содржината е прочитана 29 пати.