Инфо

Тематскиот ден „ДАМА-ДА- Здравјето и убавината во функција на современата жена“ ви ја преставува госпоѓа Марина Анчевска

Марина Анчевска е еден од предавачите на овој тематски ден кој ќе се одржи на 31.03.2018 во Holiday Inn - Скопје. Во делот на бизнис психологија и личен развој, таа ќе говори на темата: „ Вашето херојско патување - Интерактивно мотивирачко предавање - Животот е процес и секој од нас, свесно или несвесно, патува низ животот“

понеделник, 12 февруари 2018

„Вашето херојско патување Интерактивно мотивирачко предавање - Животот е процес и секој од нас, свесно или несвесно, патува низ животот“

Дали патувањата се херојски зависи од тоа како ги трансформираме предизвиците и како истите делуваат на нашето освестување. Секое патување носи нови доживувања, отвора нови видици и доколку знаеме да ги препознаеме и искористиме, ние се издигнуваме себе си и креираме нов идентитет. 

Промените се дел од животот, а развојот е опција. Бидете дел од поголемата слика, инволвирајте се, енргетизирајте се и започнете го патувањето. Откријте какво е вашето херојско патување и што е тоа што ве води, што ве мотивира да го правите токму тоа што го правите? Марина Анчевска НЛП Тренер, мотивациски говорник, бизнис коуч и автор на книгата “Едноставно јас”

Што е NLP?

NLP e збир на техники што ви помагаат да се ослободите од бескорисните обрасци на размислување и однесување и да преземете нови, позитивни и конструктивни пристапи кон животот што ќе ви донесат успех на секое поле, лично и професионално. Со техниките кои што се специфични за НЛП доаѓа до промена на верувањата и вредностите, се открива идентитетот, а мисијата и визијата не остануваат само запишани, туку и вистински живеат.
 
Госпоѓа Марина Анчевска е сопственик и генерален менаџер на првиот НЛП центар во Македонија каде се организира висок квалитет на меѓународна едукација по сертифицирани програми.
 
Програмите се акредитирани од реномираната Американска НЛП асоцијација, ABNLP. што воедно значи дека Центарот е единствен акредитиран НЛП центар во Македонија.

Сите програми кои што ги нуди центарот  се наменети за професионалци и индивидуалци кои долгорочно инвестираат во својот личен развој и веруваат дека само со промена на себе можат да се справат со животните предизвици и на тој начин, да креираат успех на лично и професионално поле.
 
 
НЛП е всушност наука базирана на основа на филозофија, лингвистика, антропологија, невронаука, кибернетика и психологија.

Еден од главните постулати на работењето на госпоѓа Марина Анчевска е дека „Успешноста зависи од способноста да се управувате себеси“.

Себеупраувањето е еден од најголемите предизвици и потреба е огромна доза на самокритичност и одговорност за однесувањето и начинот на комуникација, со самите себе и со другите луѓе. Не е важно колкаво е вашето знаење и што точно знаете туку што правите и како тоа знаење практично го користите. Дали сте свесни што е тоа што ве води да го правите она што го правите? Процесот на размислување е оној кој што ги креира зборовите, однесувањето, навиките, карактерот и секако реалноста. Успешноста не е надвор од нас, таа се случува или не се случува токму во нашите мисли. Многумина од нас сакаат промена, но им недостасува самодисциплина, верба и мотивација. Ништо нема да се смени се додека не дејствувате поинаку. Животот наградува дејствување, а не намери, мудрости и разбирање. Само позитивни мисли не се доволни за промена, потребна е и акција.
 
Содржината е прочитана 390 пати.