Бизнис вести

Потопот на Волстриг ги повлече и европската и азиската берза

Цените на акциите нагло паднаа поради стравувањето на инвеститорите од зголемување на инфлацијата и на каматите

вторник, 06 февруари 2018

Цените на акциите на европските берзи забележаа остар пад откако Волстрит доживеа потоп кога главниот индекс на Њујоркшката берза, „Dow Jones“ потона за повеќе од 4 отсто, што е најголем дневен пад од 2011 година. Во еден момент индексот имаше најголем минус во историјата, за по подоцнежното опоравување, пред крајот на денот „Dow Jones“ да падне за околу 4,60 отсто.

Следејќи го намалувањето на индексот на Волстрит и на другите светски берзи, водечкиот индекс на европската берза „STOXX 600“ падна за 2,6 проценти забележувајќи пад седми ден по ред. Лондонскиот „FTSE“ падна на 7.192 поени, а парискиот „CAC“ се намали за 1,85 проценти на 5.185 бодови, додека франкфуртскиот DAX за 2,05 проценти на 12,434 бодови.

На глобалниот пад се придружи и азиската берза, каде цените на акциите нагло паднаа поради стравувањето на инвеститорите од зголемување на инфлацијата и на каматите.
 

Содржината е прочитана 190 пати.