Бизнис вести

Ивица Јакимовски, нов претседател на Градежната комора при ССК

Создавање подобра бизнис клима за компаниите од градежниот сектор, соработка со институциите, особено во поглед на прилагодување на законската регулатива се дел од активностите на Комората што ги најави Јакимовски

четврток, 01 февруари 2018

Архитект Ивица Јакимовски, генерален директор на градежната компанија „Голден Арт“, едногалсно е избран за нов претседател на годишното собрание на Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Јакимовски ќе биде на чело на Комората во наредните две години.

„Создавање подобра бизнис клима за компаниите од градежниот сектор, соработка со институциите, особено во поглед на прилагодување на законската регулатива, зајакнување на членството во Комората и предлагање конструктивни мерки, како и поддршка на енергетската ефикасност преку следење на светските трендови во градежништвото, се најзначајните активности на кои ќе работиме заедно со компаниите членови на Комората во насока на задржување на стабилноста и просперитетот на градежништвото во Македонија“, изјави Јакимовски.

Приоритет на Градежната комора на Македонија е барањето за продолжување на повластената даночна стапка од пет отсто за ДДВ за становите, како една од мерките за кои е потребно итно решение во услови на регистриран пад во градежништвото.

„Во услови на зголемувањето на даночната стапка на ДДВ за становите, очекувано е да следи намалување на номиналната вредност на приходи во буџетот по основ на ДДВ поради очекувањата за намалување на прометот на станови за три пати, намалување на вработеноста во градежниот сектор и последователно на сите комплементарни дејности, поточно на 26 поврзани гранки поради намаленото производство на станови“, рече Јакимовски.

 

Содржината е прочитана 162 пати.