Бизнис вести

Бранко Азески на Коморски инвестициски форум во Трст

На состанокот ќе се дискутира за стратешките приоритети на КИФ во периодот што следува

понеделник, 29 јануари 2018

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска и утре учествува на состанок на Коморскиот инвестициски форум На состанокот ќе се дискутира за стратешките приоритети на Форумот во следниот период, како и за активностите поврзани со Регионалната економска област и обновениот политички импулс за поблиска соработка на економиите во земјите од Западен Балкан, како алатка за поддршка на економскиот раст и патот на регионот кон членството во Европската унија.

Инвестицискиот форум го основаа Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово. Неговата цел е да се постигне поефикасно вклучување на бизнис заедницата во процесите на имплементација на инфраструктурните проекти, како и во однос на други проекти од важност за економскиот просперитет на земјите од Западен Балкан, со потенцирање на развојот на конкурентноста на економиите од регионот преку поврзани бизниси, соработка и координирани активности.

 

Содржината е прочитана 215 пати.