Бизнис вести

„Телекабел“ годинава ќе стане мобилен оператор

Компанијата веќе ги прави последните анализи за воведување пост пејд сервис без обврзувачки договор

понеделник, 29 јануари 2018

Кабелскиот провајдер „Телекабел“ планираа оваа година да се приклучи кон мобилните оператори и да понуди услуги во мобилната телефонија. Како што најави првиот човек на „Телекабел“, Роберт Димитров веќе се при крај анализите што се прават во компанијата, бидејќи за тавко нешто се потребни сериозни инвестиции.

„На 15 јануари 1997 година го направивме првиот кабелски приклучок. Во 2004 го воведовме првиот кабелски интернет, а во 2008 стартувавме со фиксна телефонија. Планираме 2018 да биде годината во која ќе понудиме мобилна телефонија со што ‘Телекабел’ покрај кабловски и интернет провајдер ќе стане и мобилен оператор. ‘Телекабел’ е бренд кој е омилен кај граѓаните, ние веќе 21 година сме без обврзувачки договори. Ќе продолжиме со нашиот заштитен знак, а тоа е постпејд сервис без договор за верност, па сите наши клиенти можат да си заминат веднаш доколку не се задоволни и за тоа нема да плаќаат никакви пенали“, вели Димитров.

Компанијата „Телекабел“ која е со 100 отсто домашен капитал годинава слави 21 година постоење.
 

Содржината е прочитана 185 пати.