Бизнис вести

„БИМ Инвест Инженеринг“ се откажа од преземањето на штипски „Бетон“

Зделката е откажана поради неможноста да се обезбеди комплетна документација во законскиот рок

вторник, 23 јануари 2018

Штипската компанија „БИМ Инвест Инженеринг“ се откажа од намерата да го преземе „Бетон“ од Штип поради неможноста да се обезбеди комплетната документација во законски утврдените рокови, согласно важечките членови од Законот за преземање на акционерски друштва.

„БИМ Инвест Инженеринг“ достави понуда за преземање на штипската градежна фирма „Бетон“ кон крајот на декември минатата година. Со понудата новиот инвеститор беше подготвен да плати по 1.600 денари за една акција. „БИМ Инвест Инженеринг“ во април 2017 година веќе купи 9.749 обични акции од „Бетон“, со што се стекна со 23,32 проценти од основната главнина на ова друштво.
 

Содржината е прочитана 219 пати.