Бизнис вести

„ДАМА-ДА“ тематски ден за здравјето и убавината во функција на современата жена

вторник, 23 јануари 2018

Агенцијата „Марили“ по четврти пат ќе го организира тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“ на 31 март 2018 година во хотелот „Холидеј ин“ Скопје. Во ново руво - со ребрендиран заштитен знак и со нови збогатени содржини за тематскиот ден посветен на животниот стил на современата жена.

„ДАМА-ДА“ е акламација за тоа што треба да биде современата жена во брзото темпо на живот со многубројни нови животни навики што нема да ја оддалечат од жената дама. Да, тоа е жена работно ангажирана, со голем број деловни и домашни обрвски, самосвесна за своето здравје, за својот изглед, за својот духовен и личен развој.

Секогаш подготвена многу да учи и за овие полиња што се многу важен фактор во нејзиното секојдневие.

Затоа почитувани дами ве покануваме да го посетите овој тематски ден, но и да ја следите целата наша интернет-кампања, каде што ќе ги претставиме сите учесници - фактори на овој тематски ден, сите предавачи со насловите на темите и, исто така, сите изложувачи со кратко сиже.

Официјален водител на тематскиот ден ќе биде новинарката и водителка Елена Стефановска.

Посебно ви ја најавуваме специјалната гостинка Јелена Бачиќ Алимпиќ, позната новинарка, ТВ- водителка и писателка од Р. Србија со која ќе развиеме дебата и дискусија за тоа што, од нејзин аспект, денес претставува современата жена.

Тематскиот ден ќе има и хуманитарна димензија, односно ќе биде организирана хуманитарна аукција на слики.

Уметничките слики ќе ги донира Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп, а собраните средства од аукцијата ќе бидат донирани на ЈЗУ Здравствен дом од Прилеп. Аукцијата ќе ја води нашиот познат новинар и водител Огнен Јанески.

На крајот на тематскиот ден ќе бидат извлечени 10 ексклузивни награди од нашите партнери што ќе учествуваат во наградната интернет-игра.

Наградите ќе се извлечат по случаен избор од сите учесници во наградната интернет-игра што го споделиле линкот од објавата за тематскиот ден.

Следете нѐ на ДАМА-ДА
 

Содржината е прочитана 664 пати.