Инфо

Граѓаните лани зеле кредити во висина од 2,29 милијарди евра

Според НБМ, најголем дел од кредитите се потрошувачки, во вкупен износ од 1,83 милијарди евра, 554 милиони евра се станбени, а 10 милиони евра автомобилски кредити

понеделник, 22 јануари 2018

Граѓаните се потешко врзуваат крај со крај, па за да ги задоволат своите потреби се почесто се задолжуваат земајќи кредити од банките. Тоа го покажуваат и податоците на Народната банка на Македонија, според кои, во 2017 година биле одобрени 2,29 милијарди евра кредити на населението, што е за 194 милиони евра повеќе отколку во 2016 година, кога биле одобрени кредити во износ од 2,10 милијарди евра.

Она што загрижува е што најголем дел од кредитите се потрошувачки и тоа во вкупен износ од 1,83 милијарди евра, а потоа се станбените во износ од 554 милиони евра, додека за автомобилски кредити се одобрени вкупно 10 милиони евра.

Граѓаните преку кредитни кратички се задолжиле вкупно околу 200 милиони евра, додека долгот по основ на минус на тековна сметка изнесува 96 милиони евра.
 

Содржината е прочитана 38 пати.